Рада за најтешкиот период: Живеевме во комбе, морав да пеам девет дена после погреб, позајмувавме пари – ММС
ММС

Објавено на: 02/19/21 11:26 AM

Рада за најтешкиот период: Живеевме во комбе, морав да пеам девет дена после погреб, позајмувавме пари

Пејачката Рада Манојловиќ ја изгуби мајката кога имала 19 години, а од тој шок никогаш не се опоравила.

Во гостување на една емисија за првпат пред јавноста зборувала за својата мајка и периодот кога починала. Рада после само девет дена од погребот, морала да настапува.

-Кога почина мајка ми, моравме да спремаме за 40 дена. Многу се потрошивме, за целото лечење, знаат луѓето колку тоа чини. Ние толку се позајмувавме, татко ми работеше на пазар. Јас морав да пеам после девет дена од погребот, бидејќи доаѓаа 40 дена и тоа мораше да се спрема. Јас работев и не стигнав да тагувам, мислам дека никогаш немам доволно отплакано, бидејќи набрзо се запишав на факултет, па следеа „Ѕвездите на Гранд“ и само работев. Кога ќе влезеш во машината, тогаш беше лудило за „Ѕвездите на Гранд“, ние имавме турнеја година и пол, живеевме во комбе и работевме секој ден. После тоа, следеа хитови и покани и јас веќе бев во машината.Тогаш работата ме спаси, бидејќи немав кога да размислувам и сега кога кога не работам ме стигна се и затоа се повлеков на некое време, била искрена Рада.

Извор: Блиц.рс