Не треба да потсетуваме колку е добар сонот за здравјето на луѓето.Сепак, исто така е многу важно каде е сместен креветот во кој спиете.
Според Фенг Шуи, важно е вашиот кревет да дава силна поддршка. Најдобро е да имате цврст ѕид зад креветот, а не прозорец.
Кога спиете под прозорец, вашата енергија ослабува со текот на времето, бидејќи нема соодветна поддршка и заштита.
Според кинеската традиција, главата на креветот никогаш не се става директно под прозорецот.
Спиењето со директно изложување на прозорец може да создаде голем број проблеми што можат да доведат до слаб сон, намалена виталност и потенцијални здравствени проблеми.
Светлината што влегува во просторијата, особено силната, може да го зголеми нивото на будност за време на спиењето, и да го наруши вашиот природен циклус на спиење и да го намали мирот.
Идеално место за креветот е главата свртена кон ѕдот каде што нема прозорци, со цел да се обезбеди цврста основа и најголемо можно растојание од прозорецот и вратата.
Цврстиот ѕид служи како симбол на планината, што е добро за главата. Преферирани материјали се дрво или други природни материјали.
За завеси, изберете природни ткаенини, како што се памук, лен или свила.
Покријте ги прозорците само навечер. Во текот на денот, треба да ги преместите завесите или ролетните и да пуштите природна светлина во вашата соба.
Извор и фото: Еспресо.рс