Малолетници од Ресен сквернавеле гробови и се снимале за „Тик-ток“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 8:38 PM

Малолетници од Ресен сквернавеле гробови и се снимале за „Тик-ток“

Полициски службеници од ОВР Ресен денеска  во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град. 

Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.