На социјалните мрежи денеска се појавија фотографии од две мечиња што се појавиле во градот Беране, Црна Гора. Едното се качило на дрво пред хотелот „Беране“ откако прво тропнало на влезната врата на хотелот, а второто се прошетало низ центарот на градот. Фотографиите на Инстаграм ги поставил беранецот Миќо Добрашиновиќ, кој за порталот „„Беране онлајн“ ја раскажал и маршрутата каде се дижеле мечињата.
Веднаш била повикана полиција да ги обезбеди мечињата, а на лице место дошле и од ловечкото друштво. На крајот, во Беране стигнал и интервентен тим за зашита на крупни ѕверки од Подгорица, кој безбедено го спуштил мечето од дрвото кај хотелот и на двете мечиња им обезбедил безбедно враќање во приридната средина.