На млади Британци ќе им плаќаат по 4.500 фунти за да ги заразат со коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 7:15 PM

На млади Британци ќе им плаќаат по 4.500 фунти за да ги заразат со коронавирус

Млади Британци ќе добиваат по 4.500 фунти за да се заразат со корнавирус во новото истражување кое треба да го отвори патот за истражување на вакцините и нивното влијнаие во разни варијанти врз луѓето. Истражувањето треба да почне следниот месец, пишува „The Sun“, пренесува „Вечерњи лист“.

Се бараат 90 волонтери на возраст од 18 до 30 години, кои ќе бидат изложени на мали количества корнавирус во контролирано опкружување во лондонска болница. Научницу и стручњаци на НХС ќе ги надгледуваат волонтерите две и пол седмици и ќе ги следат следните 12 месеци за да се воочат сите последици од Ковид-19.

„Првите 17 дена на младите  лица во карантинот ќе им биде тешко зашто нема да може да ги посети никој“, вели раководитело на Управата за здравствени истражувања.

Студијата на крајот ќе мож да тестира нови  вакцини или засилувачи кои ќе бидат потребни за новите соеви, но тоа допрва треба да се одобри.