„Беше моќен бос, посилен од премиерот“: Умре шефот на неаполската мафија – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/21 6:25 PM

„Беше моќен бос, посилен од премиерот“: Умре шефот на неаполската мафија

Мафијашкиот бос Рафаеле Кутоло, познат како „Професорот“, протагонистот на една од најкрвавите епизоди на мафијата на Неапол во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, на 79-годишна возраст почина вчера додека изфржува затворска казна. Како што пренесува италијанските медиуми, Кутоло умрел во болница во Парма по 57 години минати во затвор за време на кои не покажал знаци на каење ниту соработувал со правосудството во истрагата за организацијата  што ја основал – Нова организирана Камора, која била надлежна за сите други кланови.

Кутоло е роден во 1942 во близина на Неапол, на возраст од 22 години првпат бил осуден за убиство на маж кој ја навредил неговата сестра. Во затворот, поради својата харизма и љубовта кон поезијата го добил прекарот „Професорот“. Организацијата ја формирал во затвор и со неа управувал од затвор во кој го минал речиси целиот свој живот. Моќта му била толку голема што имал односи и со тајните служби и политичарите.

Неговото владеење е обележано со бранови убиства. во просек по 300 годишно, а неговата империја опфаќала широк спектар дејности од шверц на цигари до јавниот сектор.

„Тој беше моќен бос, посилен од премиерот. Таа моќ го одржуваше целиот живот во затворот“, коментира за весникот Ла стампа писателот Роберто Савијано, автор на книгата „Гомора“.