Парис Хилтон се сврши на својот 40-ти роденден: Богатата наследничка по четврти пат пред олтар – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 11:19 PM

Парис Хилтон се сврши на својот 40-ти роденден: Богатата наследничка по четврти пат пред олтар

Парис Хилтон има двојна причина за славење! Освен што наполни 40 години, таа се сврши со својот избраник Картер Реум. После една година забавување, тој одлучи да ја запроси. Да биде среќата уште поголема, тој го направи тоа на нејзиниот роденден.

Четириесетгодишната Парис ги сподели среќните вести со своите обожаватели на инстаграм. На фотографијата што ја објави таа носи бел фустан. Свршеничкиот прстен е со зелен смарагд и се наведува дека е многу скапоцен. Инаку, ова е нејзина четврта свршувачка.

Покрај фотографијата, Парис напиша и многу емотивна порака.

Кога ќе ја пронајдете својата сродна душа, не само што го знаете тоа туку и го чувствувате. Мојата љубов и јас сме заедно од нашиот прв состанок, а за мојот роденден тој договори посебно патување и тропски рај. Додека шетавме, Картер клекна на едно колено. Реков „да“ засекогаш. Не постои никој друг со кој би го поминала  остатокот од животот – напиша Парис во објавата на инстаграм.

Фото: Instagram / parishilton

Извор: kurir.rs