Откако се врати од повредата Енис Барди игра како препороден. Ваквата форма на македонскиот фудбалер од средината на теренот треба и мора да го радува селекторот Ангеловски, но и сите фанови на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на Европското првенство во јуни годинава.
Во заостанатиот дуел од второто коло на шпанска Примера, Леванте на домашен терен го пречека Атлетико Мадрид. Екипата на Чоло Симеоне со победа би ја зацврстилa предноста пред второпласираниот градски ривал со 57 освоени бодови на табелата, додека пак победа за Леванте би значела освојување на 30 бодови и мирно продолжување на сезоната.
Одличната полу-контра во 16-тата минута, Енис Барди фантастично ја искористи по асистенцијата на Роџер Марти. Еден од најдобрите поединци во репрезентацијата на Македонија како молња истрча до шеснаесетникот на Јан Облак и ја протна топката до неговата мрежа.
GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOAAAAAAAAAALLLLLLLLLLLL ENIS BARDHI !
Enis Bardhi ouvre le score contre l’Atletico de Madrid !
Voici son but ci-dessous ⬇️. pic.twitter.com/pQ3u5jpJjm
— Football Macédonien FR 🇲🇰 (@FrMacedonien) February 17, 2021
Натпреварот во Валенсија сè уште трае. Атлетико Мадрид изедначи преку Маркос Љоренте и моменталниот резултат на дуелот е 1:1.
Фото:
Тwitter