Општина Тетово поставила „лежечки полицаец“ без дозвола и непрописно – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 6:48 PM

Општина Тетово поставила „лежечки полицаец“ без дозвола и непрописно

Општина Тетово минатата ја постави, а оваа недела ја острани „грпката“ односно „лежечкиот полицаец“ на булеварот Индустриска. Поставувањето на оваа испакнатина следи по протестите и барањата на жителите кои живеат долж овој булевар поради поголема бебзедност.

„Грпката“ на булеварот Индустриска се распадна по неколку дена. Општина Тетово непрописно ја поставила. Грешката ја призна и најави дека ќе постави нова според сите прописи со соодветен метаријал, а на како претходната од бетон и бекатон плочки. „Грпката“ беше исто така остранета и по барање на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Од Општина Тетово најавија преземање на чекори за подобрување на безбедноста на оваа делница преку повеќе зафати.

Минатиот месец жители кои живеат долж овој булевар протестираа затоа што според нив булеварот Индустриска воопшто не е безбеден и  често има сообраќајки со жртви, најчесто пешаци. Побараа поставување на лежечки полицајци, заштитна ограда како и надвозник каде ќе можат пешаците слободно да ја преминуваат улицата.

Зоран Димовски