Селма Хаек призна: Плачев после снимањето на секс-сцена со Антонио Бандерас – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 3:07 PM

Селма Хаек призна: Плачев после снимањето на секс-сцена со Антонио Бандерас

Актерката Селма Хаек (55) неодамна зборувала за снимањето на првата секс-сцена во подкаст кај својот колега Декс Шепард и објаснила зошто неможела да престане да плаче.

Актерката снимала интимна сцена со Антонио Бандерас во филмот „Десперадо“ во 1995 година. Не била свесна дека во филмот кој го режира Роберт Родригез постои таа сцена се до почетокот на продукцијата.

– Кога требаше да тргнам на снимање, почнав да плачам, рекла таа. Кога сфатила дека треба да сними таква сцена, рекла дека тоа може да го направи само на затворен сет.

На сетот со неа тогаш биле само Бандерас, Родригез и Елизабет Авелан, сопругата на Родригез и продуцентка која Хаек ја нарекува најдобра пријателка. Таа им рекла дека не е сигурна дали може да ја сними таа сцена и се плаши.

Хаек исто така рекла дека била преплашена бидејќи Бандреас бил „многу слободен“, иако додала дека бил „неверојатен“ и „апсолутен господин“.

Таа исто така открила дека и било многу непријатно бидејќи размислувала за тоа што нејзиниот татко и брат ќе помислат кога ќе ја гледаат таа сцена. На крајот рекла дека ги изнела од киното за време на таа сцена, но и долго после филмот имала трауми со кои научила да се носи постепено, со тек на време.