Балашевиќ е во стабилна состојба! – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 2:02 PM

Балашевиќ е во стабилна состојба!

Ѓорѓе Балашевиќ (67) веќе неколку дена се лекува на Инфективната клиника поради воспаление на белите дробови, но, како што дознава Курир.рс, кант -авторот се чувствува добро и нема значителни проблеми.

Според изворот на Курир.рс, познатиот кант-автор денес имал телефонски разговор со неговото семејство, појадувал, а потоа комуницирал со лекарите, со кои дури и се пошегувал.

Тој е расположен и не се жали на тешкотии, изјавил изворот.

Балашевиќ десет дена имал проблеми со дишењето, но тој побарал помош откако му се влошила состојбата.

Тогаш било утврдено дека Ѓоѓе има воспаление на белите дробови и дека морал да биде хоспитализиран, па затоа бил испратен на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Семејството Балашевиќ е многу загрижено за здравствената состојба на музичарот, но тие веруваат дека тој ќе биде добро и тие се многу благодарни за грижата што ја добива од докторот и другиот персонал во болницата.

 

Извор и фото: Курир.рс