Трето ноќно скијање на Пониква – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/21 12:05 PM

Трето ноќно скијање на Пониква

Последните врнежи од снег и ниските температури што придонесоа снежниот слој да се задржи, овозможуваат скијачката сезона на Пониква да дојде до полн израз. Освен дневното, на посетителите им се нуди можноста и за ноќно скијање што оваа сезона се реализираше веќе двапати.

За вечерва е најавено третото ноќно скијање, со што на посетителите им се овозможува подолго да ги користат капацитетите на рекреативниот центар.

-Одлично се подготвени патеките број еден и три, а вклучени се и ски-лифтовите и осветлувањето. Со оглед на дебелината на снежната покривка, засега нема потреба од дополнително анагажирање на топовите за производство на вештачки снег. Со оглед на интересот за ноќно скијање, можно е термините да се прошират во текот на целата недела, за што посетителите ќе бидат дополнително известени, истакна Благој Манев, управител на фирмата „Еурокомерц” која е концесионер на Пониква.

Користењето на ски-патеките во вечерниот термин почнува во 17 часот и планирано е да трае до 22 часот.

Патот до рекреативниот центар Пониква е прооден, а возила на ЈП „Македонија пат” прават редовна обиколка и прочистување на коловозот од снегот што го нанесува ветерот.

MИА