Дваесетина луѓе починаа во четири сојузни американски држави, како последица на студот и бранот снежни бури што деновиве ги зафатија јужните делови на САД.
Електродистрибуцијата во Тексас, во кој температурите сега се пониски и од Алјаска, е нарушена откако рекордната побарувачка за енергија предизвика прекин во снабдувањето, а луѓето користат ризични начини за загревање на просториите. Во Северна Каролина, пак, удри торнадо и загинаа најмалку три лица, а повредени се десетина.