Централниот одбор на СДСМ синоќа ја одржа деветнаесеттата седница на чиј дневен ред беа повеќе точки за процесите кои течат во партијата, промените, модернизацијата и демократизацијата, а се дискутираше и за најзначајните општествени прашања од интерес на граѓаните.
Беше заклучено дека процесот на ажурирање на членството тече одлично ширум републиката и дека се создадени сите услови за следната фаза, одржување на првите внатрепартиски избори.
Централниот одбор донесе одлука дека на 21 март оваа година ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на СДСМ.
Во оваа насока ЦО на СДСМ го утврди Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесе одлука за формирање на Централна изборна комисија која ќе ги спроведе внатрепартиските избори.
За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата (Претседател, Заменик претседател, член на Централниот одбор или член на Надзорниот одбор на партијата).
Во своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека процесот на непосредни внатрепартиски избори, ја става СДСМ во врвот на најмодерните партии на светско ниво.
СДСМ