Во дрматичен меч до самиот крај, ракометарите на „Еурофарм Пелистер“ во Битола успеаја да ја совладаат силната екипа на ГОГ Гудме, во која играат и четворица репрезентативци на светскиот првак Данска, со 32-31 (15-16).
Битолчани добро го почнаа мечот. Поведоа со 6-2, но веднаш потоа гостите направија 5-0 и поведоа. Водството го сочуваа до крајот на полувремето. Поголемиот дел се играше гол за гол. Во финишот битолчани направија предност од два-три гола, но, сепак, мечот беше неизвесен до последната секунда. Гостите имаа последен напад за изедначување, но не го реализираа.
Најефикасни кај „Еурофарм Пелистер“ беа Мараш со 8 гола, Периќ со 7, Граџан со 6, Костески со 5…