Гринвуд ја продолжи верноста кон Манчестер Јунајтед до 2025 година – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/21 4:09 PM

Гринвуд ја продолжи верноста кон Манчестер Јунајтед до 2025 година

Деветнаесетгодишниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Мејсон Гринвуд, ја продолжи верноста кон својот клуб до јуни 2025 година.

Повремениот англиски репрезентативец кој во септември минатата година дебитираше за „Гордиот Албион“, го продолжи за две години постоечкиот договор со Јунајтед кој траеше до 2023.

Еден од најголемите таленти кои академијата на славниот англиски клуб ги има продуцирано, сезонава ја стартуваше малку побавно во однос на вториот дел од ланската кампања, постигнувајќи четири погодоци на 18 натпревари под палка на Оле Гунар Солскјер.

Во вкупно 81 настап за Јунајтед, Гринвуд се има запишано во листата на стрелците 21 наврат.

 

 

 

Фото:

ligalive.net