Утре и на 17 февруари се играат првите четири осминафинални натпревари во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување на Европа, УЕФА Лигата на шампиони. На 23 и 24 февруари се играат преостанатите 4 натпревари од осминафиналето.
Кои екипи ќе се пласираат во четвртфиналето ќе биде познато по реванш-средбите што ќе се играат на 9 и 10 март и на 16 и 17 март.
Сите натпревари ќе започнат во 21:00 часот.
Распоред на натпреварите од осминафиналето во УЕФА Лигата на шампиони:
16 февруари (вторник):
Лајпциг – Ливерпул
Барселона – Париз Сен Жермен
17 февруари (среда):
Севиља – Борусија Дортмунд
Порто – Јувентус
23 февруари (вторник):
Атлетико Мадрид – Челзи
Лацио – Баерн Минхен
24 февруари (среда):
Аталанта – Реал Мадрид
Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити.
„Анадолија“ (АА)