После 20 години Џастин Тимберлејк и се извини на Бритни Спирс: Знам дека погрешив – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/21 3:19 PM

После 20 години Џастин Тимберлејк и се извини на Бритни Спирс: Знам дека погрешив

Џастин Тимберлејк на Инстаграм одговори на бројните коментари откако се појави документарецот за Бритни Спирс. Се извини на својата поранешна девојка, но и на колешката Џенер Џексон.

Џастин Тимберлејк на својот Инстаграм профил објави извинување до Бритни Спирс и Џенер Џексон поради своето однесување во минатото. Деталите за неговото однесување се појавија на документарецот „Framing Britney Spears“ кој предизвика контроверзии, а обожавателите ги доведе во прашање поради некои негови одлуки.

Фановите масовно почнаа да го коментираат неговиот однос кон Бритни, која тогаш му била девојка, но и Џенет Џексон, откако на Супер бол и испаднал дел од костимот и случајно ги покажала градите. Тимберлејк признал дека профитирал од индустријата која одобрува расизам и мизогинија.

„Ги видов пораките и сакав да одговорам. Искрено жалам за периодот од мојот живот во текот на кој некои мои потези допринеле проблеми.,што не сум зборувал со оној со кого било потребно. Разбирам дека направив погрешно и дека профитирав од системот кој шири расизам и мизогинија. Посебно сакам да и се извинам на Бритни Спирс и Џенет Џексон, бидејќи ми е грижа за нив и знам дека погрешив. Цела индустрија е полна со маани“, напишал Тимберлејк на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake)

 

 

Извор: Курир.рс