Многумина сакаат на своите партнери да им дадат нешто поразлично за Денот на вљубените со личен „потпис“, а една жена покажа дека подарувањето е работа на имагинација.
На нејзиното корисничко име „gr93la“ на ТикТок на објавеното видео покажала како ќе го изненади нејзиниот сопруг за Денот на вљубените со рачно изработена честитка на која се наоѓаат сите девојки со фотографии кои ги лајкувал нејзиниот сопруг.
Глорија внимателно ги залепила фотографиите од социјалната мрежа со мали дрвени стапчиња на црвената декоративна кутија, покажувајќи ја секоја поединечно.
„Што му купивте на вашиот човек за Денот на вљубените? – Јас на мојот сопруг му купив симпатична мала кутија и ја украсив со фотографии од сите девојки што ги лајкува на Инстаграм. Се надевам дека ќе му се допадне!“- напиша на крајот од своето видео.
Иако голем број од нејзините следбеници ги насмеа, некои исто така коментираа дека „не е во ред партнерот да провоцира така за Денот на вљубените. Во коментарите, Глорија одговори дека таа и нејзиниот сопруг имаат целосно здраво чувство за хумор, а тој тоа го потврдил со видео односно со неговата реакција на подарокот на неговата сопруга. „Дали има нешто лошо во лајкувањето на нечии објави?“, напишал тој.
@gr93la I have a sense of humor with my man! I don’t know about y’all but I thought this was the perfect gift 🤣 He loved it 😘 #gorgeousgirls #fyp #joke ♬ original sound – Gloria
Преземено од: https://www.vecernji.hr/