Израснале во беда и чувале кози, а денес овие пејачи уживаат во луксуз – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/21 1:16 PM

Израснале во беда и чувале кози, а денес овие пејачи уживаат во луксуз

Многу пејачи од српската естрада денес имаат милиони, вили со базени, но во детството живееле во беда.

Гоца Божиновска, Сека Алексиќ, Радиша Трајковиќ Џани, Лепа Брена и многу други израснале во сиромаштија а имало денови и кога немале за леб. Со работа постигнале многу, а не се срамат да зборуваат во детали за тоа во каква сиромаштија растеле.

Џани чувал кози

-Живеев во скромно семејство. Мојот татко вожеше автобус, имавме стока, гу чував сам козите и сеев компири. Моето детство беше скромно, но убаво. Најтешко ми паѓаше кога морав да чувам кози, а моите врсници одеа да играат фудбал.Тоа морав да го правам, тие ни носеа млеко, многу ги пазевме. На Косово никој не беше гладен, имавме храна, не се што ќе посакавме, но доволно. Најмногу јадевме грав, неможевме многу да бираме, рекол пејачот, кој денес поседува неколку луксузни недвижности во Белград и е еден од најплатените пејачи. Едниот стан чини 460.000 евра, а другите два кои се градат по 290.000 евра, а ги исплаќал со кредит.

Сека пеела за да го прехрани семејството

Сека морала да поне да настапува уште како тинејџерка за да ги прехрани и обезбеди основни работи за својата мајка и брат.

-Многу млада почнав да настапувам да и помогнам на мајка ми да се извлечеме од тешкиот живот, во кој западнавме поради војната.Таа и брат ми доаѓаа на секој мој настап, а имав среќа секогаш да имам музичари кои се грижеа за мене. Се сеќавам кога и купував бела техника на мајка ми, секоја прилика ја користев да ја израдувам и купам нешто за дома. Нзе беше лесно, затоа и денес знаам да ги ценам парите, открила Сека.

Алексиќ изградила мало царство во Стара Пазова, куќа од 450 квадратни метри, каде што ужива со сопругот и синовите Јаков и Јован.Нејзината вила чини 500.000 евра. Она што привлекува внимание е раскошниот двор.

Гоца божиновска скокала од среќа кога ќе добиела парче леб

Гоца Божиновска рекла дека соседите и подарувале износена облека да има што да облече.

Мојот татко бил многу богат човек додека живеел во Македонија. Се напуштил кога се оженил со мојата мајка и се преселил во Србија. Имал пет деца и се останало на нив. Никогаш не сум прашала за тоа, ништо не барав и не ме интересирало. Овде врзувавме крај со крај. Носев работи кои соседите ми ги подаруваа, немав што да облечам. Пред пладне одев во школо, а попладне работев, кога некој ќе ми дадеше леб намачкан со кајмак ми идеше да скокам од среќа. Во зима јадевме компири, кои некој му ги даваше на татко ми, сега верувајте ми неможам компир да видам. Затоа дене можам да преживеам со милиони, но и со еден дена бидејќи навикната сум на се.

Брена јадела леб и јогурт

Таа е на сцената повеќе од четири децении, а денес нејзиното богатство се мери во милиони евра. Во детството била сиромашна, но нејзината кариера од 1980-та кренала нагоре и сега зивее во бајка.

Буквално бев гладна кога дојдов во Белград да студирам туризам и таму поминав шест месеци. Се сеќавам како очајнички штедев чари, за да одам на екскурзија во Купари кај Дубровник. Јадев само леб и јогурт. Еден ден цела покисната стоев на автобуса станица, гладна и јадна, а едно куче ми се замота на ногата. Се тресевме од студ, имаше невреме и како да ми се просветли мозокот. Си реков себе си: Немам пари ни за книги ни за храна, од денес го земам животот во свои раце.

Брена и нејзиниот сопруг денес поседуваат вила и недвижности, како во Србија, така и во Америка, а сопственици се и на луксузна јахта.

Извор: Курир.рс