Ова не е вирус, туку отров: Емина Јаховиќ се бори со корона и им се обрати на обожавателите од својот дом – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/21 8:57 AM

Ова не е вирус, туку отров: Емина Јаховиќ се бори со корона и им се обрати на обожавателите од својот дом

Пејачката, Емина Јаховиќ веќе некое време се бори со коронавирусот. Таа се обрати и до своите обожаватели кои ја следат на Инстаграм и предупреди колку всушност, короната може да биде опасна.

-Никогаш не размислував за тоа колку се важни сетилата за мирис и за вкус и колку сме ние среќни само затоа што сме здраво. Јас мислам дека ова не е вирус, туку отров. Ова е целосно лудило. Болеста воопшто не е лесна, затоа ве молам сфатете го тоа колку што можете посериозно – истакна пејачката во своето вчерашно видео обраќање.

-Мислам дека кој и да има корона или веќе го прележал вирусот знае точно за што јас зборувам. Луѓе, само останете здрави. За овој Ден на вљубените јас би сакала само да ги почувствувам мирисот и вкусот на кафето, додаде Емина.

Српските медиуми пренесоа дека таа го добила вирусот од својот син Јаман, кој бил на скијање и токму таму се заразил. Поради тоа, Емина беше принудена да ги откаже сите обврски во Истанбул и следните денови да ги помине во карантин во семејниот дом. Сепак за среќа, таа има полесни симптоми.

-Емина сепак одлучи да работи, па голем дел од состаноците ги одржува онлајн. Нема тешки симптоми, се работи за блага температура која успешно ја држи под контрола. Ја посетија доктори и веќе и’ дадоа терапија, а нејзините синови исто така засега немаат потешки симптоми. Јаман го донесе вирусот од скијање, но за среќа се’ поминува како што треба“, открива извор близок на пејачката за српски Блиц.

Фото: Instagram /  yaemina

Извор:   blic.rs