Европските аеродроми паднаа на нивото од 1995 година – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/21 7:00 PM

Европските аеродроми паднаа на нивото од 1995 година

Бројот на патници на европските аеродроми во 2020 падна на нивото од 1995 година, при што воздушните пристаништа во Турција и во Русија поминаа помалку лошо од тие во западна Европа, покажуваат последните податоци на Меѓународниот совет на аеродромите во Европа, пренесува РТВ.

„Еропските аеродроми загубија 1,72 милијарди патици во 2020 година или повеќе од 70 отсто, што е резултат на ограничувањето на патувањата поради коронавирусот. Ниедна индустрија не може да поднесе таков товар“, се наведува во извештајот на Меѓународниот совет на европските аеродроми, пренесува „Ројтерс“.