Изминатата вечер словенечкиот кошаркар го сруши својот личен рекорд од постигнати 42 поени во НБА лигата, забележувајќи 46 поени во победата (143:140) на Далас Маверикс против екипата на Њу Орлеанс Пеликанс.
Дончиќ навистина брилијираше и покрај 46-поени на своето конто додаде 12 асистенции и осум успешни скокови. Некогашниот играч на Реал Мадрид користеше разновидно оружје против одбраната на Пеликаните, а она што на гледачите, но очигледно и на администраторот на „Твитер“ профилот на Маверикс, им остави внимание е движењето на Словенецот на паркетот и ненамерната, или намерна рекреација на моментите кои легендата на Далас и НБА, Дирк Новицки, своевремено ги создаваше.
Has Dirk been at shooting practice? 🤔
🌟 RT to vote 🌟 #LukaDoncic | #NBAAllStar pic.twitter.com/zKrNZzeDf6
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) February 13, 2021
Малиот „fadeaway“ омаж на ликот и делото на Новицки, остави простор за фановите на Маверикс да се надеваат дека токму словенечкиот репрезентативец ќе „ги облече неговите патики“ и ќе прерасне во лидер што ќе ја одведе франшизата од Тексас до нова титула.
Покрај Дончиќ, Порзингис учествуваше во триумфотна Далас со 36 поени, додека кај поразените Зајон Вилијамсон со 36 поени го надмина личниот скорерски рекорд во лигата.