Вчера во 15.00 часот во Полициската канцеларија Самоков, С.С.(36) од Скопје, управител на приватна фирма, пријавил дека во периодот од јули 2020 до 9 февруари 2021 од прирачниот магацин, лоциран во рамките на фирмата, поранешен погон за ремонт на оружје, сега погон за конфекција, непознат сторител одзел 162 пригушувачи за автоматска пушка и две цевки и кундаци за воздушни пушки.
Извршен бил увид на местото, а за настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Кичево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.