Најлудите подароци за Денот на вљубените – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 2:08 PM

Најлудите подароци за Денот на вљубените

Како што се приближува 14.февруари или Свети Валентин така секојдневно расте понудата на подароци.

Избравме неколку необични кои покажуваат дека имагинацијата на трговците и производителите навистина нема граница.

Прв на листата е букет со сланина. Врвовите „ружи“ се направени од фино испечена сланина, така што букетот, или барем неговиот дел наместо во вазна може да заврши во стомак.

Белегзија во облик на лисици која симболизира бескрајна поврзаност со љубовта, а може и да значи колку слепата љубов може да биде ропство.

Калап за јајца во облик на срце може да биде интересен подарок за девојките или жените кои готват, секогаш да ја потсетуваат на денот кога го добиле овој подарок.

Проектор кој во вашата спална соба може по плафонот и ѕидовите да проектира ѕвезди е идеална направа за создавање на романтична атмосфера.

И за крај, најоригиналниот подарок е оргазам во конзерва. Иако чини речиси пет долари, не ни е јасно како се користи.

Извор/Фото: Новости.рс