Пежо е-208 е избрано за „електрично бизнис возило за 2021 година“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 1:49 PM

Пежо е-208 е избрано за „електрично бизнис возило за 2021 година“

  • комерцијална објава

Шестото издание на “Business Trophies 2021”сеодржа во Париз на иницијатива на списанието „Kilomètres Entreprise“. PEUGEOT e-208 ја освои првата награда во категоријата „Electric Business2021“.

Наградите беа доделени од жири составено од четиринаесет новинари, од кои 12 беа од редакцијата на „Kilomètres Entreprise“.Станува збор за девет „бизнис“ трофеи, за вкупно 79 возила избрани помеѓуиновативните креации,што ги исполнуваат критериумите за професионална употреба во компаниите.Во категоријата „Electric Business“ за 2021 година, PEUGEOT e-208 победи 11 кандидати со вкупно 20 поени и ја освои првата награда.

PEUGEOT 208 веќе доби 26 награди од неговото лансирање во октомври 2019 година, вклучувајќи ја и наградата за „автомобил на годината во 2020 година“.Новиот PEUGEOT 208 ги вклучува најновите стилски кодови на Брендот, особено соиновативниот PEUGEOT i-Cockpit®со 3D-инструмент табла, при тоа безбеден и естетски.Тој им овозможува„слобода на избор“на идните клиенти,бидејќи нуди верзии со три различни мотори: електричен, бензински и дизел.

„Многу сме горди што PEUGEOT e-208 е признат како најдобро деловно електрично возило на годината. Стратегијата на брендот за создавање производ на оваа мулти-енергетска платформа е наградена и дозволува PEUGEOT 208 да биде препознатлив по неговите внатрешниквалитети. Имаме амбиција да го зголемиме обемот по оваа година на целосна комерцијализација, PEUGEOT e-208 има најдобри трошоци за употреба во својата категорија и ние мора да продолжиме да напредуваме за да достигнеме пазарен уделсо PEUGEOT e-208 повисок од оној на PEUGEOT 208 со мотор со внатрешно согорување“ – Hugues de Laage –B2B Менаџер за продажба во Франција.