Рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ, на мечот против Американецот, Тејлор Фриц, во првиот „тесен“ сет го загуби трпението и бурно реагираше пред очите на публиката пред малите екрани.
Во моментите кога Ѓоковиќ требаше релативно лесно да го добие гемот и да го освои сетот со 6:3, американскиот тенисер направи „брејк“ кој иницираше невообичаена реакција на првиот тенисер на АТП листата.
Но зборовите кои ги упати Новак, а беше поприлично вокален, не беа упатени кон противникот, туку кон членовите на неговиот тренерски тим.
-Кажи, кажи, те чекам половина час, гласно ечеше Новак на течен српски јазик.
Quand le serveur te dit qu’il n’y a plus de parmesan pic.twitter.com/xGu5zp088m
— Arnaud Cerutti (@arnaud_cerutti) February 12, 2021
Мечот помеѓу Фриц и Ѓоковиќ сè уште трае. Србинот води со 2:1 во сетови, а на почетокот од третиот побара медицинска помош.
Фото:
atptour.com