Во пресрет на ЕП 2020, Македонија во фокусот на УЕФА – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 11:54 AM

Во пресрет на ЕП 2020, Македонија во фокусот на УЕФА

Фудбалската репрезентација на Македонија предводена од капитенот Горан Пандев во ноември минатата година со победата над Грузија во финалето на плејофот на Лигата на Нациите, за првпат во историјата се пласираше на едно големо натпреварување.

Љубителите и фудбалските фанатици на репрезентацијата на 13 јуни годинава во Букурешт ќе навиваат за Македонија против Австрија на дебито на момците на Игор Ангеловски, а дотогаш ќе мора да се стрпат и да „билдаат“ еуфорија преку текстови и анализи како оваа на УЕФА што ќе ви ја пренесеме во продолжение.

 

ЕУРО педигре:

Европското првенство 2020 ќе биде првото појавување на Македонија на голема сцена.

 

Главни играчи:

Горан Пандев (114 настапи, 36 голови)

Kапитенот на Македонија го постигна победничкиот погодок во финалето на плејофот против Грузија и го зацементира својот статус на национален херој. Тимскиот лидер со чувство за креација и неуморлива лева нога, на 37 години поседува одлична техника и може да постигнува голови покрај креирањето на истите. Човекот на Џенова е најдобриот стрелец за својата репрезентација и играч со најмногу настапи за неа.

Енис Барди (31 настап, 5 голови)

Играчот од средината на теренот на Леванте е добар додавач, со изразени креативни карактеристики и претставува гол-опасност по противничкиот голман, особено после прекин. Според статистиките, Барди е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во шпанска Примера, заедно со Лео Меси. Учеството на ЕП У21 во 2017 година во Полска, го прави еден од поискусните кој вкусиле завршница на голем турнир.

ЕУРО голови за паметење:

Првиот погодок за Македонија во квалификациите за ЕП беше постигнат на седми септември, 1994 година од Митко Стојковски против Данска во Скопје. Сепак, голот на Пандев во 56-тата минута во финалето против Грузија во Тбилиси несомнено е најважниот погодок во фудбалската историја на земјата.

Моменти за паметење:

Откако Македонија за првпат интернационално дебитира со победата од 4:1 против Словенија на 13 октомври, 1993 година, а Зоран Бошковски – Чоко го постигнува првиот гол, понатаму се изродуваат и други незаборавни моменти поврзани со фудбалската репрезентација. Погодокот на Артим Шаќири директно од корнер во квалификациите за ЕП 2004 против Англија и Дејвид Симан е еден од нив. Победата од 11:1 против Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство во 1996 година исто така се вбројува во оваа листа.

Дали знаевте?

  • Голманот Благоје Видиниќ е единствениот играч од Македонија кој всушност играл на ЕП со репрезентацијата на Југославија против СССР во финалето во Париз во 1960 година.
  • Актуелниот селектор Игор Ангеловски на клупата на Македонија се има задржано повеќе од било кој тренер во историјата. Неговиот рекорд по 45 одиграни мечеви е 20 победи, 10 нерешени средби и 15 порази.
  • Ангеловски е 17-иот селектор кој застанал на чело на репрезентацијата од 1993 година, вклучувајќи ги и четирите „странци“ Слободан Сантрач, Среќко Катанец, Џон Тошшак и Љубинко Друловиќ.

 

 

 

 

Извор:

uefa.com