Под „Тумбе Кафе“ во Битола пронајдена граната од Прва светска војна – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/21 12:34 PM

Под „Тумбе Кафе“ во Битола пронајдена граната од Прва светска војна

Вчера во СВР Битола било пријавено дека работник од ЈП„Комуналец” од Битола, при извршување работни задачи под стадионот на фудбалскиот клуб Пелистер, „Тумбе Кафе“, пронашол граната од Првата светска војна.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната, при што било констатирано дека станува збор за стара неиспукана артилериска граната со калибар од 75 мм.

 

 

 

Фото:

ffm.mk