Како сведок предложен од одбраната за настаните на 27 април 2017 година, во Основниот Кривичен суд штотуку пристигна поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.
Иванов дојде со обезбедување, но се обиде да се скрие од камерите и новинарите држејќи голем црн чадор.
На денешното рочиште освен него се повикани и повеќе други сведоци.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во предметот се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељааноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.