Соџи Моримото (37) од Јапонија заработува огромна сум на пари, а не работи ништо. Овој човек дошол до идеја да се изнајмува самиот себе, да не работи ништо освен да јаде, пие и дава едноставни одговори и тоа по цена од 80 евра по ангажман!
Можеби наликува на глупост, но Моримото има илјадници клиенти и огромен број на следбеници на социјалните мрежи.
Првпат почнал да се изнајмува себе во јуни 2018 година кога на Twitter напишал:
„Се нудам себеси под наем, не работам ништо. Тешко ви е сами да одите до продавница? Ви недостасутва играч за играње игри? Ви треба некој да ви го причува станот? Не можам да работам ништо освен едноставни работи“, порача тој.
На почеток своите услуги ги нудел бесплатно, но сега ги наплаќа и има по неколку клиенти дневно. Досега имал повеќе од 3.000 клиенти.
Луѓето го ангажираат од различни причини, но најголемиот дел од нив се осамени и им е досадно па им треба некој да ги сослуша. Некои го најмнуваат за да оди со нив на ручек, понекогаш им прави друштво на луѓето кои одат да поднесат барање за развод, брка пеперутки во парктот, ги слуша здравствените работници кои се под стрес поради работата.
“Јас не сум пријател ниту познаник, но сакам да им го олеснам на луѓето чувството на осаменост“, вели Моримото кој пред ова имал работа во издаваштвото, но си дал отказ за да започне нова и необична кариера.
извор: Mondo.rs
фото: iheartintelligence.com