Се огласи Бритни Спирс околу контроверзниот документарец за неа: Учам да бидам нормална – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 12:39 PM

Се огласи Бритни Спирс околу контроверзниот документарец за неа: Учам да бидам нормална

Таткото на пејачката Бритни Спирс последните 12 години управува со нејзиниот имот и се грижи за нејзиното психичко здравје. Во ноември Бритни не успеала на суд да ја поништи одлуката за овој вид на старателство. Паралелно со судската битка, траела и кампања #FreeBritney која ја предводеле нејзини обожаватели.Нејзиниот татко ја бранел сопствената улога, велејќи дека ја штити својата ќерка од „оние кои сакаат да ја искористат“.

Ова е една од темите во новиот документарен филм за Бритни, кој од 5.февруари се прикажува на американската мрежа „FX“ и на стриминг сајтот „Hulu“.

Филмот зборува за концептот на старателството, поради што американската пејачка од 2008 година нема контрола над финансиите и многу одлуки за кариерата.

Она што е интересно е дека самата поп ѕвезда не далава интервју за овој филм. Продуцентите нагласиле дека повеќе пати се обиделе да ја добијат, но безуспешно. Но синоќа одлучила да ја прекине тишината и се огласи на социјалните мрежи.

– Неможам да поверувам дека овој настап и песната „Токсик“ ја изведов пред три години. Од секогаш сакав да бидам на сцената… но сега издвојувам време да научам како да бидам нормална личност… Go сакам тоа едноставно задоволство на секојдневниот живот. Секоја личност има своја приказна и начин на кој ја гледаат приказната другите луѓе. Ние имаме толку убав живот! Запомнете, нема врска што мислиме дека знаеме за туѓите животи, тоа е ништо во однос на она што таа личност навистина доживува од другата страна на објективот, рекла Бритни.

Таа на тоа додала и снимка од свој настап со песната „Токсик“.

Ова е прв пат пејачката да се огласи после објавувањето на филмот. Нејзиното момче Ашгари, првите минути после објавувањето на премиерата објавил дека ќе продолжи да ги поддржува нејзините соништа.

– Важно е да се знае дека јас имам нула почитување кон оној кој се обидува да ја контролира нашата врска и цело време ни поставува некакви препреки.По мое мислење, Џејми е тотален кретен. Нема да изнесувам детали, ја почитувам приватноста, но истовремено не сум дошол на оваа земја за да молчам, рекол Ашгари кој е од Иран.

Џејми ќе остане старател на Бритни најмалку до септември оваа година.

Бритни ја загубила работната способност во 2008 година и од тогаш нејзиниот татко и адвокат имаат законско парво да надгледуваат и донесуваат одлуки во врска со нејзините финансии, здравје, работни договори и приватниот живот. Во интервју за Си-Ен-Ен оваа недела Џејми потврдил дека не разговара со ќерка си од август , бидејќи Бритни барала нејзиниот татко да биде сменет како нејзин старател.

– Ја сакам мојата ќерка и ми недостига. Кога на член од семејството му е потребна посебна нега и грижа, семејството мора да се држи заедно, како што го правев тоа јас во последниве 12 години, рекол тој.

Неговата адвокатка тврди дека правниот тим на Бритни ја спречува ѕвездата да разговара со татко и.

Извор: Телеграф.рс