С.Македонија официјално побара екстрадиција на Игор Спасов – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 11:15 AM

С.Македонија официјално побара екстрадиција на Игор Спасов

Северна Македонија и официјално побара екстрадиција на лицето Игор Спасов.

Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото. Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ.

Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија, Бугарија, на први февруари годинава.