На прашањето за изборот на вакцините и процесот на набавка, Грозданова посочи:
-Секој еден релевантен и регулаторен орган од секоја држава она што прво ќе ве праша е дали таа вакцина којашто ја нарачувате има потврдени клинички студии и дали е регистрирана на национално или интернационално ниво. Нашите приоритети беа да добиеме вакцина која е безбедна и ефикасна. И овие податоци во ноември- декември не беа потврдени ниту за Спутник вакцината, потврдата за ефикасноста на Спутник излезе пред неколку денови во „Лансет”. Кога треба да бидете оној кој треба да избере најквалитетно и најбезбедно решение за граѓаните мислам дека ние се водевме по тие ставови. Дополнително, комуникацијата со Фајзер започна уште во крајот на септември, почетокот на октомври. Ние пристапивме и до Астра Зенека и до Модерна, но сите тие регулаторни постапки, конкретно Фајзер побара од нас на територијата на Македонија да се јави исклучиво како договор со производителот. Тоа нашите законски регулативи не го предвидуваа, посочи д-р Грозданова.