Двe поранешни ученички во школата за глума, водена од директорот Мирослав Мика Алексиќ во Белград, кои се јавиле во полиција околу деталите за силувањето за кое како што се тврди, го преживеала младата актерка Милена Рауловиќ, биле испрашувани вчера во Вишото обвинителство во Белград .
Како што неофицијално дознава Курир.рс, тие детално зборувале за часовите со Алексиќ, како и за моментите кога останувале сами, тој сексуално ги злоставувал.
– Тие, како и претходните шест девојки кои беа испрашувани, детално зборуваа низ што поминале додека биле ученици во училиштето “Stvar srca”. Истрагата продолжува со сослушување на други сведоци, меѓу кои и девојчиња кои доживеале непријатности, но кои немаат статус на оштетени- вели соговорникот на Курир.рс.
За потсетување, Мирослав Алексиќ е осомничен за силување и незаконски сексуални дејствија против осум девојчиња, вклучувајќи и една што се уште е малолетна.
– Алексиќ се уште е во притвор, кој му беше одреден по апсењето. Тој двапати беше изведен пред заменикот на Вишото јавно обвинителство, кој ја води постапката. Тој ги негираше обвинувањата, но не ја презентираше детално својата одбрана ниту одговараше на прашања, но генерално рече дека тој не е виновен и дека не знае зошто девојките, по толку години, лажно обвинуваат против него – вели соговорникот од истрагата.
Извор и фото: Курир.рс