(ВИДЕО) Бритни Спирс: Како од поп ѕвезда стана жртва на татко си и медиумите? – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/21 3:36 PM

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Како од поп ѕвезда стана жртва на татко си и медиумите?

Во едночасовниот документарен филм, Њујорк тајмс, се појавуваат луѓе кои до сега никогаш не зборувале на тема животот на најголемата поп ѕвезда.

Да не е тажна, животната приказна на Бритни Спирс веројатно би била една од најфасцинантните на светот. Се прослави уште како мало девојче, учествувајќи во локална талент програма „Star Search“. Нејзините родители, Џејмс и Лиин Спирс биле убедени дека нивната ќерка ќе стане голема ѕвезда, поради што се упатиле во Њујорк со воз, бидејќи за авион немале пари. Таму, тогаш непознатата Бритни, снимила неколку демо песни, се претставила на издавачките куќи и добила хит.

Во ера на машки бендови, успеала да ја затресе музичката сцена со хитот „Baby one more time“ и влегува во историјата на поп културата.

Документарецот прикажува и колку е светот лицемерен, а жртва на таа лицемерност е всушност Бритни. Медиумите од неа направиле секс икона, а потоа се обиделе да ја уништат поради тоа. Таа на свој грб го понела товарот на славата, контрадикција на јавноста што на крајот ја чинеше многу: облекувај се секси, но однесувај се детски и никогаш, ама никогаш, не зборувај и не го изнесувај својот став, наведува „TeenStar“.

Од разделбата со Џастин, каде што таа испадна неверна девојка, преку прашање на прес конференција „дали е девица“ и осудата дека е лоша личност бидејќи се фотографира „гола“.

Филмот предизвика лавина коментари и повици на извинување од јавните личности: прв на удар е секако Тимберлејк, како и водителката Дани Савијер и нејзиното неславно интервју во 2003 година во кое ја расплака тогаш младата поп ѕвезда со прашањето за Тимберлејк.

Извор: Нова.рс