Германското второ по ранг клупско фудбалско натпреварување, со години важи за едно од поквалитетното во Европа, а концентрацијата на квалитет помеѓу екипите е на поприлично високо ниво.
Поранешни освојувачи на Бундеслигата, освојувачи на Лигата на Шампионите, довчерашни редовни партиципиенти во првата лига. Од сè по нешто.
Интересен детаљ беше забележен на натпреварот од 20-тото коло помеѓу Карслуе и Регенрсбург. Домаќините не успеаа да ги освојат трите бода на домашен терен и да фатат приклучок кон врвот и местата кои тежат промоција следната сезона, но затоа на фудбалската јавност му манифестираа еден неконвенционален начин на напаѓање при прекин.
Овојпат експериментот беше неуспешен, во иднина, којзнае. Како и да е, мора да се признае, навистина оригинално. А и што друго да се очекува од Германците во оваа игра.
🤣🤣🤣 pic.twitter.com/7kswiss8IE
— Football (@Football) February 7, 2021
Фото:
sportbible.com