Повредите во тимот предводен од Мајк Малоун во голема мера придонесоа Денвер Нагетс трипати последователно да загуби во НБА лигата. Уште една во низата фантастични партии на српскиот центар Никола Јокиќ, не беше доволна да се совлада еден од главните фаворити за освојување на титула, Милвоки Бакс. Бакси на гостински терен во Колорадо победија со 125:115, во резултатски тесен и неизвесен дуел кој беше решен во втората половина од последната четвртина.
Поранешниот играч на Мега беше неверојатен. Без стандардната, или помалку стандардната поддршка од Џамал Мареј, но со коректна помош од Вил Бартон и неговите 24 поени, Јокиќ оствари дабл-дабл учинок и со 35 поени, 12 скокови и шест асистенции на „грб го носеше“ својот тим во текот на целиот натпревар.
Формата на Јокиќ сезонава, иако неблагодарно е да се зборува за српскиот репрезентативец и формата сезонава, со оглед на тоа дека Јокиќ е неверојатен од првиот ден кога зачекори на паркетите во НБА, според критичарите и кошаркарската јавност е онаа „МВП форма. Дабл-дабл учинокот и 35-те поени претходна вечер, дотолку повеќе добиваат на важност со оглед на директниот чувар од спротивната екипа. Јанис Адетокумбо практично немаше решение во одбраната за разновидниот играч на Нагетси.
Во офанзивната фаза, Јанис скорерски беше расположен со 30 поени и девет скокови, додека пак Крис Мидлтон со 29 поени, 12 асистенции и осум скокови остана „краток“ за трипл-дабл и јаготка на шлагот после тешко издвојуваната победа на Бакси.
Фото:
sircharlesincharge.com