Никој од естрадата не ми се јавил – ќерката на Џеј прозборе за неговите колеги – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/21 10:07 AM

Никој од естрадата не ми се јавил – ќерката на Џеј прозборе за неговите колеги

Марија Рамадановска, по смртта на нејзиниот татко Џеј Рамадановски, одлучила да се замимава со пеење, што тоа била најголемата желба на нејзиниот татко.

Како што порано се пишуваше, Марија ќе започне музичка кариера и ќе се испроба во поп музиката.

– Ништо не знам се уште. Ако Бог сака ќе правиме и промоција. но уште ништо не знам. Ми се јавуваат луѓе, ми нудат некои песни, отприлика одбрав, но се уште сум во фаза на преговори. Глупаво ми е да зборувам однапред, изјавила Марија за Свет.рс, а потоа и ги искоментирала изјавите на поедини пејачи од естрадата кои јавно му нудеа помош на семејството на Џеј по неговата смрт.

– Тато имаш пријатели на Дорчула со кои пораснал и тие му се пријатели надвор од естрадата, и тие понатаму се покрај нас и така ќе биде секогаш. Последнава година со никој од естрадата не се дружеше интензивно, барем така јас знам. Низ животот имаше доста од нив со кои беше близок и соработуваше, но во последно време со никој се немаше слушнато,, рекла Марија за Свет.рс.

Таа додала дека со колегите на нејзиниот татко од музичката естрада не контактира, во контакт со нив е само нејзината постара сестра Ана.

– Мене никој не ме бара бидејќи јас не се дружам со познати, ниту со нивните деца, не сум дел од естрадата. Бидејќи немаме контакт, Бобан Рајовиќ, Аца Лукас ја побараа сестра ми Ана. Тие во последно време беа присутни во неговиот живот. И не очекувам да ме бара половина естрада. Повеќето и не ги познавам, објаснила Марија.

За потсетување, Џеј Рамадановски почина на 6. декември 2020 година како последица од срцев удар.

Извор: Свет.рс

Фото: Инстаграм