Колет Мејз почнала да свири пијано кога имала четири години, а во музиката успеала да ја пронајде топлината која и’ недостигала во строгото родителско воспитување. Денес таа има 106 години и се’ уште ужива во свирењето, па се подготвува да го издаде својот шести албум.
„Музиката е мојата храна, храна за духот и срцето“, изјавила за Ројтерс жената која е родена во 1914. година во семејство од средна класа, а нејзините родители одлучила таа да се школува дома.
Образованието го продолжила во Париз во музичкото училиште Ecole Normale de Musique, а потоа почнала кариера како наставник.
„Ако престанам да свирам, морам со нешто да си ја исполнам фантазијата, но мене ми треба нешто опипливо. Вие можеби не можете без колчи, а јас не можам без пијаното, моите прсти мора да го почувствуваат“, вели Мејз, која наскоро ќе го издаде шестиот албум.
Тој веќе е снимен и требало да биде објавен лани во април, но поради пандемијата тоа се одложило. Нејзиниот син вели дека таа е во добра форма и свири без прекин.
Така ни порачува дека мора да имате страст за она што го работите, а истовремено да водите грижа за себе. Нејзината љубов кон животот и смислата за хумот им мамат насмевки на лицата на другите – додава нејзиниот син.
Фото: Facebook / Colette Maze pianiste centenaire
Извор: srbijadanas.com