Турските произведувачи на цветови, во пресрет 14. февруари – Денот на вљубените, извршија извоз на 70 милиони цветови во 22 земји, вклучувајќи ги Холандија, Велика Британија, Германија, Романија, јавува агенцијата Анадолија (АА).
Исмаил Јилмаз, претседателот на Здружението на извозници на украсни растенија и производи, изјави дека оваа година е забележан значаен пораст на извоз на цветови.
„И покрај пандемијата, испративме 70 милиони цветови во 22 земји, во вредност приближно од седум милиони долари. Таа бројка минатата година изнесуваше шест милиони долари за 60 милиони цветови“, изјави тој.