Самопрогласениот крал на фудбалот, оваа титула може слободно да си ја понесе и кога се работи за социјалните мрежи. Позитивен или негативен контекст, неважно, Златан Ибрахимовиќ секогаш го привлекува вниманието на јавноста.
Овојпат, победата против Кротоне од 4:0 во домашното првенство и зацврстувањето на врвот на табелата на Сериа А, шведскиот интернационален со босански корени ја прослави со песна. И тоа каква песна. Фолк хитот ечеше од станот каде што се наоѓаше популарниот Ибра кој расположено заигра на нотите познати за ова поднебје во последните две децении.
Ahahahahaha moze li ovo ostroziiis?!?!?! IKONO 🔴⚫ pic.twitter.com/5yqd3UqkzS
— M. V. 🇲🇪 (@mickoopg) February 7, 2021