Австрискиот канцелар би сакал руската и кинеската вакцина да се произведуваат во Австрија – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/21 7:22 PM

Австрискиот канцелар би сакал руската и кинеската вакцина да се произведуваат во Австрија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц за неделното издание на германскиот дневник „ Ди Велт“, изјави дека сака руската и кинеската вакцина против коронавирусот да се прозиведуваат и во Австрија.

– Услов за производство е издавање дозвола за овие вакцини и во Европската Унија. Тогаш Австрија би се обидела производствените капацитети кај австриските компании да ги стави на располагање за производство на руската и кинеската вакцина, рекол Курц.

Тој понатаму објаснува дека сега е најважно во најкраток можен рок да се обезбедат што повеќе сигурни вакцини и дека тој не би имал ништо против да се вакцинира со руската или кинеската вакцина.

– Кај вакцините пред се се работи на ефикасноста, безбедноста и достапноста, а не на геополитички борби, оценува Курц.

На Европската агенција за лекови Курц им замерува за спороста и премногу бирократскиот пристап во процесот за издаванје дозволи за вакцините, нагласувајќи дека тој процес надвор од ЕУ е многу побрз.

Курц оценува дека попуштање на епидемиолошката ситуација ќе има во лето, но дека следните месеци ќе бидат тешки.

Австрија најави дека од понеделник ќе ги ублажи епидемиолошките мерки и дека ќе дозволи работа на фризерските салони, музеите и малопродажните објекти.