Жител на тетовското село Шипковица купил автомобил „бмв“ со фалсификувани евра. Сопственикот на автомобилот, иако знаел дека парите се лажни, ги зел и се обидел во неколку наврати да ги стави во промет.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против И.А.(45) од Шипковица и Б.Е.(48) од тетовска Долна Лешница поради основи на сомнение дека сториле кривично дело фалсификување пари.
Пријавениот И.А се сомничи дека во септември лани од Б.Е. купил автомобил „бмв“ и му платил со фалсификувани 4.500 евра, а Б.Е иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.