Изминатата година остави белег врз животот на многу луѓе, дури и кога станува збор за сексот.
Една студија која е спроведена на 900 возрасни Британци покажа дека за време на карантинот 60% од луѓето немале сексуални односи ниту еднаш неделно.
Според експертите, постојат повеќе причини зошто во оваа ситуација кај луѓето им недостасува желбата за секс.
Сегашната состојба може да влијае на нашето ментално здравје и да направи да се чувствуваме изолирани, немотивирани и без енергија.
Сето ова има влијание и врз сексуалниот нагон. Може да варира во зависност од нашето опкружување и начинот на кој го поминуваме времето, а ако поминувате најмногу време во вашиот дом, постои голема можност вашето либидо да биде мало.
Кај некои жени, некои методи на контрацепција можат да влијаат на либидото. Ако се сомневате, разговарајте со вашиот лекар. Се разбира, сексуалниот нагон на секого е различен и не постои такво нешто како „нормално либидо“.
Доколку сакате да ги зголемите вашите сексуални апетити, постојат некои работи што можете да ги направите.
1. Вежбајте
Ефикасен начин за природно зајакнување на вашиот сексуален нагон е вежбањето. Редовниот тренинг ќе ви помогне да ја зголемите издржливоста, да го подобрите расположението и да го зголемите либидото.
Исто така, може да ви помогне да ја зголемите вашата самодоверба.
2. Фокусирајте се на менталното здравје
Обидете се да го намалите стресот што е можно повеќе. Во сегашната ситуација и предизвиците со пандемија, ова е потешко од вообичаеното, но стресот е еден од главните фактори за намалениот сексуален нагон. Анксиозноста и вознемиреноста не одат заедно со желбата за секс.
Ако сте под стрес, обидете се да утврдите што е тоа што го предизвикува стресот и промените ја ситуацијата, таа може да има ефект врз вашата желба за секс.
3. Разговарајте со партнерот
Комуницирајте со вашиот партнер за тоа како се чувствувате и проверете дали можете да направите нешто заедно за да ја зголемите вашата желба за секс. Опции што можат да ви помогнат за зголемување на желбата е да купувате интересна облека и да пробувате нови работи … Сето ова може да ви помогне да ја промените ситуацијата. Искреноста е најдобриот начин за решавање на проблемите и ќе се чувствувате многу подобро ако отворено му кажете на вашиот партнер како се работите.
4. Размислете за промена на начинот на живот
Намалете ги лошите навики како што се пиење алкохол или пушење и фокусирајте се на урамнотежена исхрана со многу свежо овошје и зеленчук. Исто така е важно да пиете многу вода затоа што дехидрираноста може да влијае и на либидото и може да се чувствувате уморни и без енергија.
5. Обидете се да вметнете секс во распоредот
Одвојте време за интимност со вашиот партнер. Иако закажувањето состанок за секс може да изгледа заморно и воопшто не е спонтано, но тоа е одличен начин да го обезбедите потребното време заедно за вашиот партнер и вас и така може да се активира либидото. Обидете се да закажете теми за секс еднаш неделно или еднаш на секои две недели ако сметате дека еднаш неделно е премногу за да започнете со тоа.