Дупките по земјотресите кај Петриња се невиден феномен, сметаат хрватски експерти – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/21 9:09 AM

Дупките по земјотресите кај Петриња се невиден феномен, сметаат хрватски експерти

Новиот земјотрес oд долгата серија афтер-шокови, овој пат со интензитет од три степени според Рихтеровата скала, вчера дополнително активираше многу одрони во Банија, а дупките што се појавија во земјата по секој потрес стануваат се’ поголеми.

Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на такви дупки, досега не им била позната на постарите сеизмолози.

„Нема оставени пишуваани траги, па дури ни усни сознанија од нашите постари сеизмолози. За нас, ова е нешто ново“, рече Кук за ХРТ, пренесува „Вечерњи.хр“.

Тој истакна и оти земјотресите во Банија ќе траат,како по секој поголем потрес, но ќе бидат послаби.

Професорот Бруно Томљеновиќ од Загребскиот Рударско-геологишки-нафтен факултет истакна дека појавата на тие дупки може да се класифицира како феномен и оти е невообичаено почвата да се однесува на овој начин по земјотрес.