Се вештачат телефони и други електронски уреди на приведените четири лица во случајот „Јавна соба“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 12:50 PM

Се вештачат телефони и други електронски уреди на приведените четири лица во случајот „Јавна соба“

Четири лица се приведени, од кои се одземени телефонски и други електронски уреди за случајот „Јавна соба“, рече министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски.

„Ние имаме во делот на „Јавна соба“ приведени четири лица, одземени се телефони и други електронски уреди кои што ќе бидат вештачени. Вештачењето би требало да заврши денеска, најдоцна утре и ќе биде доставено до ОЈО и се идентификуваат и други членови кои биле дел од групата „Јавна соба““, рече Спасовски.

Хендикеп е некомуникацијата со платформата Телеграм, вели министерот и засега се уште нема комуникација од страна на Телеграм.

„Тоа претставува дополнителна потешкотија во изведувањето на доказите и за МВР и за ОЈО. Пред една година беа доставени сите потребни барања и анализи кои беа можни да се достават до ОЈО. Заедно и со ОЈО сметам дека ќе направи напори за поефикасно да се  решат овие случаи и да се покае дека има некој што ќе ги штити граѓаните и нивните права, пред се злоупотребата на личните податоци“, вели Спасовски.

Г.Д