Насочени сме кон спречување на корупција од каков било вид, и во овој случај во кој имаме злоупотреба на службената положба, односно несовесно работење во службата, рече министерот за внатрешни рбаоти Оливер Спасовски, на денешната прес конференција, како одговор на новинарско прашање за повеќе детали околу истрагата со коруптивниот скандал за издавање на возачки дозволи без полагање на возачки испит од страна на полициски службеници.
„Имаме истрага за осум лица кои се припадници на МВР, кои директно учествувале во нлегалните активности издавање на возачки дозволи за лица кои немаат положено возачки испит.Поднесени се кривични пријави против осум лица, и против 28 граѓани кои го поттикнале ова кривично дело. Истрагата продолжува да се согледаат сите аспекти, тие лица ќе бидат суспендирани и ќе се водат дисциплински постапки по овој случај“, рече министерот.
Заеднички со ОЈО ќе настапуваме за да ги решаваме случаите во кои државни службеници ја злоупотребуваат својата положба, најави Спасовски.
Министерот најави санкционирање на сите кои се инволвирани во случајот ебз разлика на која позиција се наоѓаат во МВР. За бројката колку возачки дозволи се издадени без полагање на возачки испит, Спасовкси информираше дека ќе објави кога тоа ќе дозволи истрагата.
Г.Д