Анџелина Џоли продава неверојатен подарок од Бред Пит – може да заработи дури 3,4 милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 12:06 PM

Анџелина Џоли продава неверојатен подарок од Бред Пит – може да заработи дури 3,4 милиони долари

Холивудската актерка Анџелина Џоли (45) ја продава сликата која пред 10 години ја добила од својот поранешен сопруг Бред Пит (57), а цената на единствената слика се движи од 2 до 3,4 милиони долари.

Се работи за слика која британскиот премиер Винстон Черчил (1874-1965) на насликал за време на Втората светска војна и се очекува делото на акција да постигне енормна цена, пренесуваат странските медиуми и Си-Ен-Ен.

Черчил ја насликал „Кулата на џамијата Кутубија“ во Маракеш во Мароко, откако присуствувал на конференцијата во Казабланка во јануари 1943 година и ја дал на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт.

Актерот Бред Пит ја купил истата слика во 2011 година од трговец на уметнички слики и ја подарил на својата партнерка Анџелина, со која има шест деца. Парот подоцна се раздели во 2016 година, после две години во брак, а нивниот развод сеуште не е затворен што се однесува до финансиите.

-Тоа е единственото дело кое Черчил го насликал за време на војната, можеби охрабрен од напредокот на сојузникот, во земјата која ја сметал за една од најубавите кои ги видел, рекол Ник Орчард.

Трговецот со уметнички слики Бил Рау, од која Пит ја купил сликата рекол дека таа е подарена на синот на претседателот Рузвелт , кој ја продал во 1960 година.

Извор: Телеграф.рс