Снежното невреме неделава во САД урнало рекорд стар 122 години за најголемо количество снег што падна во тек на едно невреме. Во округот Маунт Арлингтон, Њу Џерси, во тридневното невреме, паднале 90 сантиметри снег, објави Националната метеоролошка служба.
Извештајот за снежните врнежи го направил обучен набљудувач на времето, но надлежните сметаат дека нема причина за сомневање во неговата точност. Сепак, треба да поминат месеци за да се потврди новиот рекорд, пренесува АП.
Ако податоците се потврдат, ќе се сруши рекордот од 86 сантиметри снег, колку што паднале за време на снежната бура што траела во февруари 1899 година.
Планината Арлингтон е оддалечена околу 69 километри од Њујорк.